Раздвижен пазар во Штип, од цените релативно задоволни и продавачите и купувачите

Зелката и празот сѐ уште се најбарани на градскиот пазар во Штип. Според продавачите и трговците, цените се пристојни за граѓаните, а задоволни се и од побарувачката. Производството во моментов е добро, а не прогнозираат значителен пораст или пад на цените.

Купувачите велат дека избор на производи има, генерално, истите зеленчуци за овој период. Дел од нив веќе завршиле со зимницата, други сѐ уште купуваат. Од цените се задоволни, ама не и од примањата.

Производителите велат дека производството ќе се намалува, ама сепак ќе има доволно производи. Продавачите и купувачите често се со спротиставени ставови за пазарните цени, но, главно, имаат разбирање едни за други.

Ребека Спасова М-Нет