Бочварски: Над 30% е завршена изградбата на брана на река Отиња

Околу 30% од градежните активности за изградба на брана на река Отињ веќе се завршени, истакна денеска од Свети Николе, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој истакна дека временските услови дозволуваат и заради тоа градежните активности сѐз уште се одвиваат без престан.

„Во однос на браната имаме прогрес на работите некаде 30% до овој момент. Работите течат непречено, добор е што во овој период од годината имаме сѐ уште можност за доста добар прогрес на работите во делот на градежните работи, се додека временските услови не послужат ние ќе продолжиме и во текот на оваа календарска година, но сите операции кои следуваат после инекционите постапки на делот на браната коишто и со започнување на изградбата ќе тече согласно динамичниот план “ – кажа Бочварски.

Бочварски додаде дека планот за изградба на брана на река Отиња тече според поставената динамика и се очекува нејзино навремено завршување.

Лаура Стојанова М-Нет