Распишан јавен повик за распределба на 48 станбени згради во Свети Николе

Распишан јавниот повик за распределба на 48 станбени единици во Свети Николе. Увид во зградите денеска извршија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за деловен и станбен простор, Зоран Ѓеоргијев. На повикот може да аплицираат шест категории граѓани.

-Зградата брои 48 станбени единици и ќе биде дом за исто толку социјално ранливи семејства од оваа општина.На јавниот повик можат да аплицираат шест категории граѓани и тоа, деца без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители,корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост,лица припадници на Ромската заедница- социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите и самохрани родители со малолетни деца, рече Бочварски.

Огласот ќе трае 30 дена и истиот ќе биде објавен во Центарот за социјални работи во Свети Николе како и на веб страната на Министерството за транспорт и врски. Посочи дека Комисијата за распределба составена од вработени од Министерството за транспорт и врски и Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат во постојата координација со Центарот за социјални работи од Свети Николе со цел поефикасна распределба на социјалните станови.

-Сакам да апелирам до граѓаните кои ги исполнуваат условите да аплицираат за социјален стан, доколку имаат потешкотии при комплетирање на потребната документација, без двоумење да се обратат до Комисијата и до Центарот за социјални работи од каде им стојат на располагање.Документите да се доставуваат до Центарот за социјални работи.“ -ддодаде Бочварски.

Директорот Ѓеоргијев истакна дека со денешната објавен јавен повик за социјални станови во Свети Николе успешно е завршен уште еден проект со кој се помага на социјално загрозените лица.

Директор на ЈП за станбен и деловен простор, Ѓеоргијев истакна дека објектот се состои од приземје, четири ката и поткровј, со вкупна станбена површина од 1997,43 метри квадратни и дополнително со 48 подруми, а становите се со површина од 35 до 47 метри квадратни.

Вкупната инвестиција изнесува 84.298.137 денари.

За неполни два месеци распишавме три јавни повици за распределба на социјални згради во Пробиштип, Виница и за социјалната зграда во Свети Николе. Изградивме или во фаза на изградба се преку 850 станбени единици низ целата земја и така имаме намера да продолжиме и во наредниот период, вели Бочварски. Посочи дека досега се изградени 22 вакви објекти, во завршна фаза се во Демир Капија и Неготино, а во изградба се во Бутел, Дебар, Кочани и Сарај. А планирана е и изградба на нови социјални згради во Пехчево, Прилеп и Штип.

Лаура Стојанова М-Нет