Општина Штип ќе посредува за да им се помогне на станарите по пожарот во неделата

Граѓаните кои жеват во станбената зграда на улица Широк дол број 5 во Штип потпишале петиција за згрижување на жената чии стан во неделата изгоре. Соседите утринава биле на средба кај првиот човек на општината Иван Јорданов, по што се очекува да им се помогне и на останатите станови кои биле зафатени со огнените јазици. Јорданов вели и покрај тоа што не е во нивна надлежност сепак ќе им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и ќе им се помогне.

„Средбата која заврши беше во насока на обештетување на настанатата штета предизвикана од пожарот, во рамки на самата станбена единица, холот и останатите оштетени станови кои се соседи на опожарнеиот стан. Ние во рамии на нашите надлежности како општина како совет ќе донесеме одреден финансиски надоместок којшто ќе помогне да се обештетат овие наши сограѓани.“ – вели Јорданов.

Јорданов истакна дека ќе посредуваат со надлежните институции и лицето кое е сосптвеник на станот да биде соодветно згрижено, со цел да се заштитат станарите, но и да не се случи повторување на овој немил настан.

„Ние и покрај тоа што немаме директна надлеќност ќе посредуваме во решавањето на овој проблем, ќе комуницираме со надлежните институции. Сепак станува збор за граѓаниски спор кој најверојатно ќе треба да се решава по други надлежни институции со оглед на тоа што опожарениот стан има сопственик, за лицето кое на некој начин индиректно или директно предизвикало пожар во станбената единица ќе треба да се преземе соодветно згрижување“ – додаде Јорданов.

Од штипскиот Центарот за социјални работи информираат дека лицето не е во нивна евиденција од 2014 година и е корисник на пензија. Во моментот тим утврдува дали членови од семејството би можеле да се грижат за нејзе.

 Пред десетина години станарите имат поднесено и петиција до Локалната самоуправа, но решение за проблемот се уште немат.

Лаура Стојанова М-Нет