
Собрание за граѓаните денеска на плоштадот во Штип. Пратениците Никола Мицески и Емилија Рамбабова ги слушаа проблемите на граѓаните и одговараа на нивните прашања. Настанот е со цел граѓаните да се запознаат со работата на пратениците и собранието. И двајцата се согласни дека граѓани малку се запознаени со работата, активностите и надлежостите на собранието и пратениците.
„Граѓаните не се доволно запознати со одговорностите и надлежностите кои ги има пратеникот и собранието. Затоа вакви настани се од исклучителна важност и за едукација на граѓаните. Граѓаните се јавууваат за секакви проблеми, најчесто за локлани проблеми за кои ние нема надлежност“ – кажа Рамбабова.
„Целта на оваа кампања е запознавање со граѓаните со секојдневните активности кои ги имаат пратенците. Граѓаните не се доволно запознаени со работата на пратениците. Најчесто разговараат со секојдневните проблематики“ – додаде Мицески.

Од друга страна здруженија и граѓани сѐ уште се незадоволни од работата на пратенците во собранието. Велат напори можеби има но на виделенина ништо конкретно нема ниту за слепиите лица ниту за лицата со попречености.
„Мора да кажам за жал не сум задоволен до сега. Ацистенцијата, во Законот стоеше дека лична асистенција може да користат лицата од 18 години до длабока старост.“ – вели Витанов.
Пратениците истакнаа дека имаат отворен ден за средба со граѓаните и тие може слободно да ги искажат своите проблеми и потреби, а пратенците и собранието да реагираат колку и што е во нивна надлежност.
Лаура Стојанова М-Нет