
ВМРО – ДПМНЕ го започна процесот на ажурирање на членството и вклучување нови членови во партијата. Процесот денеска се спроведуваше и во Општинскиот комитет во Штип, од каде претседателот, Душко Иванов, повика на сплотеност и поддршка од страна на граѓаните за промени и обнова.
„За таа цел, ги повикуваме граѓаните секој ден, освен недела, да дојдат во просториите на ОК на ВМРО – ДПМНЕ и да се приклучат на најголемата политичка партија во Македонија. Вратите се отворени за секого и од тие причини повикуваме граѓаните да дадат поддршка за промените, за обновата на Македонија, затоа што промените секогаш се случуваат со народот“, истакна Душко Иванов, претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ Штип.
Според оние кои веќе се членови, процесот се спроведува на секои четири години со цел ажурирање на нивните податоци и потврда дека остануваат доследни на партијата.
Процесот на ажурирање на членството и приклучување на нови членови во партијата почнува од денес, а ќе трае сѐ до крајот на тековната година, односно до 31 декември.
Ребека Спасова М-Нет