Неасфалтираните улици во кочанско Оризари причина за поплави, наделжните на терен

Дождот синоќа поплави неколку домаќинства на улица Асном крак 1 во кочанско Оризари. Граѓаните велат улицата била како река, водата од другата улица завришила на нивната, а дел од куќите биле поплавени. Ова не се случува за прв додаваат жителите кои живеат овде, бидејќи двете улици во селото треба да бидат реонстурирани и на тој начин да се спречат несканите последици при пообилни врнежи од дожд. Неколку пати реагирале и до Општина Кочани, од каде биле запознаени со проблемот, но решение сѐ уше нема.

Денеска на терен излегоа од општината за да напаравт увид во штетите. Влатко Димитров, раководител на сектор за уредување и располагање со градежно земјиште при Општина Кочани во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека проблем постои, но направени се прокети и двете улици односно улица Асном крак 1 и крак 2 во кочанско Оризари ќе бидат реконструирани наредната година.

„Оштетувања има на уличната мрежа доста на некои места, има и поплавени куќи, но има друга комисија која оде во полавените куќи, ние не сме за тоа. Ние сега бевме за тоа имаше преставници и од граѓанте, покажаа го проблемот, тоа се две улици Асном крак 1 и крак 2. Додека не се асфалтираат улиците, проблемот стои, бидејќи нема ивичњаци, водата е насочена од една улица преку двор еден на другата улица. Проектите веќе се изготвени и за наредната година планираме да ги асфалтираме тие улици и со тоа реши проблемот.

Во меѓувреме сѐ уште е во тек пријавувањето на штетите во Кочани, од невремето кое го зафати градот во неделата. До сега се пристигнати над 60 пријави за штети во едношалтерската канцеларија во Општината, а пријави пристигнуваат и по елекртонски пат. Граѓаните очекуваат помош од надлежните бијдеќи пред пет дена под вода останаа приватни и делоивни објекти, фирми и домаќинстава. Пријавувањето на штетите е до први август оваа година.

Лаура Стојанова М-Нет