
Остварена средба меѓу Општина Штип и претставници на здруженијата за заштита на кучињата скитници. Ова следи откако општината истакна дека кумановска фирма ќе ги заловува и третира бездомните кучиња. Според градоначалникот Јорданов на средбата е констатирано да се врши поголем надзор врз економскиот оператор и во случај да не се третираат кучињата соодветно договорот ќе се прекине.
„Доколку се утврдат одредени несогласувања со она што ние како оптшина го бараме , имајќи предвид дека во самата тендерска постапка е предвидено да економскиот оператор да има приватен стационар, доколу стационарот не ги исполнува стандардите, нормално дека ќе интервенираме и ќе имаме основ за раскинување на договорот.“
Дополнително се размислува за изработка на проект за стационар кој ќе биде функционален и од наредната година не би требало економски оператор да се грижи за кучињата скитници. Дали ќе се приспособи веќе изградениот или ќе се гради нов зависи од анализите посочи Јорданов.
„Веќе општината размислува з аизработка на проект за стационар кој ќе биде според сите стандарди кои се за заловување и чување на бездомни кучиња, нормално во комуникација и соработка со здруженијата за да практично ги намалиме финансиските трошоци кои ќе ги имаме на годишно ниво за распишување на тендерска постапка со приватен економски оператор за заловување чување на бездомни кучиња.“ – додаде Јорданов.
На вториот јавен повик се пријавени две фирми и двете од Кумоново. Фирмата која имала подобра понуда ќе се грижи за кучињата скитници во Штип.
„Во моментот оваа сума која ја издвоиве од Буџетот за третирање на кучињата е направена аналогно на сѐ претходно и во комуникција со луѓе кои на терен се занимаваат со благостостојбата на кучињата бездомници од самите здруженија. Очекуваме бројот на кучиња да варира, но ова е сепак цифра која планираме да биде околу 100 до 150 кучиња“ – кажа Кирил.
Целата постапка за третирање на кучињата скитници е во вредност од речиси три милиони денари, а бројот на кучиња оставени на улица во Штип е варијабилен односно променилив. Истовремено, општината троши финасиски средства за покривање на трошоците на граѓани кои се каснати од куче скитник.
Лаура Стојанова М-Нет