
Интезивно се работи на изградбата на брана на река Отиња. До сега е изградено 20%, а во моментот се работи на земјените работи и на дното на браната, потенцираше денеска од Штип, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
-Сега се работи на опточниот цевковод , се анкерисува и ќе има постапка на бетонирање на овој цевковод. Така што во наредниот период ќе продолжи исто постапката на започнување со насипот на браната. Се додека држат временските услови и во наредниот период и во овие добри топли денови ќе ги употребиме максимум за да продолжи изградбата со силно темпо и со силна динамика, вели Бочварски. Посочи дека се решаваат сите постапки и прашања заедно со Надзорниот орган, кои излегуваат на терен. Очекува кон крајот на 2023 или почетокот на 2024 година да биде при крај изградбата на брана на река Отиња.
Овој капитален проект за Штип се гради со средствата од државниот буџет, а според проектот за нејзина изградба потребни се над седум милиони евра. Нејзината е изградбата започна минатата година.
Лаура Стојанова М-Нет