Стотина пчелни семејства во с. Борилчево вчеравечер изгореа во пожар, штетите огромни

Стотина семејства пчели вчеравачер изгореа во пожар во село Борилчево. Дополнително во пламените јазли се најдоа и сувата трева, околните дрвја, како и помошен објект. Според жителите до пожарот дошло поради спој на жици. Веднаш реагирале, но заради брзината на ветерот огнот брзо се ширел.

Сопственикот на пчели пред камерите на М-Нет телевизија вели во моменттот кога настанал пожарот тој бил во Штип, од каде за најбрзо време пристигнал во село Борилчево но безуспешно, пчелите веќе изгореле. 20 години вложувал во ова, а сега губи сѐ за само пет минути. Штетата дополнително ќе се утрврдува, меѓутоа се проценува над околу 20 илајди евра.

„На местото каде што имам пчелраник во село Борилчево од непознати причини настанал пожар и многу дувало ветер и огнената стихија се многу бргу проширила и го зафатила целиот пчеларник каде што имав 100 друштва пчелни, спремни за вадење на мед, требаше да вадам оваа недела мед ама толку биде“ – вели Драко.

Од ТППЕ Кочани на местото на настаното излегоа со пет возила и 16 пожарникари, а помош пристигна и од Виница со едно возило и двајца пожарникари и од Штип со две возила и шест пожарникари. Во моментот имало три пријавени пожари во кочанско, однонсно во Борилчево, во Мородвис и во Чешиново.

На местото на настананот беше присутен и градоначалникот на Општина Чешиново Облешево кој истакна дека од општина ќе се излезе во пресрет и ќе се помогне.

Лаура Стојанова М-Нет