
Оставрена средба и формирано е координативно тело кое ќе дејствува во општините од истокот, меѓутоа онаму каде градоначалниците се од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Градоначалниците на Берово, Делчево и Пробиштип не беа поканети на денешната средба бидејќи се од редовите на СДСМ. Ова тело ќе има за цел заеднички да делува со цел да не се повторми минатогодишната слика на страшни пожари кои беснееа во Истокот.
„Одлучивме да го формираме ова координативно тело за заедничко делување за поглема координација, за проследување на информации и во делот на тоа во каква состојба се противпожарните единци, со каква опрема располагаат, со колку средстава и ресурси може да се спротиставиме на потенцијална опасност од евентуални пожари“
Истовремено целата е да се погдигне свеста кај централната Власт и да се преземат поголем мерки за превенција од нивна страна.

Пожарот минатата година кој ја зафати Општина Кочани и лошите искуства од истиот да не се повторат, а да се извлече поука и навремено да се интервенира е целта на првиот човек на Општина Кочани, Љупчо Папазов.
„Една од добрите работи што се случи после пожарот е формирањето на доброволното протовпожарно друштво кое брои 50 члена и се професионална поддршка на ТППЕ Кочани. Добивме опрема од дирекцијата за заштита и спасување која ќе се користи во не дај боже вакви ситуации и денес добиваме од Кинеската амбасада опрема за комуникација меѓу оперативците на терен.“ – кажа Папазов.
Јорданов во оваа прилика истакна дека доколку првичната даде резултати во иднина иницијативата може да се прошири и во останатите општини и институции за да се делува во насока на превенција од пожари.
Инаку, минатата година на Илинден во пламен беше Кочани, а во наредните денови гореше во Пехчево и Берово.
Лаура Стојанова М-Нет