Кој и зошто поставил гуми полни со песок во центарот на Штип?

Гуми наполнети со песок во вид на потпрен ѕид веќе одреден временски период се поставени во централното градско подрачје во Штип. Гледачи на М-Нет телевизија реагираа за поставувањето на овие гуми додавајќи дека истите се канцерогени и поставени без никаква дозвола. За што навистина станува збор, кој ги постави гумите и со која цел прашавме во Општина Штип. Од таму истакнаа дека се запознаени со случајот и дека веќе е реагирано за истиот. Гумите треба да бидат отстранети во рок од две недели.

„Запознаени сме со случајот и веќе реагиравме за истиот. Приватно лице ги има поставено гумите наполнети со песок. Издадено е решение од страна на Општина Штип гумите да бидат отстранети, за род од две недели. Доколку лицето не го испочитува рокот, тогаш екипи од ЈП Стипион ќе ги отастранат истите, но на трошок на лицето кое ги има поставено“ – истакна комунаниот инспектор при Општина Штип, Борче Везенков во телефонски разговор за М-Нет телевизија.

Гумите на оваа локација стојат веќе подголго време, а истите се поставени како продолжение на потпорен ѕид.