
До крајот на годината на просторот позади Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип треба да никне новата и прва катна гаража. Со тоа тоа би требало да се реши долгогодишниот проблем за штипјани, односно можноста да се најде слободоно паркинг место. Првиот човек на град Штип, Иван Јорданов истакна дека во Штип освен оваа треба да се изградат уште две катни гаражи, односно вкупно три, но прво треба да се напарави промена на Деталниот уранситички план.
„Ние имавме изборно ветување дека во централното градско подрачје ќе изградиме две катни гаражи, на две локации. Во моментот работиме за подготвување на соодветна документација, промена на детален урбанистички план и изработка на прокет за три локации во централното градско подрачје за изградба на катни гаражи. Веќе е извесно дека најбрзо, на потегот позади Домот за култура кое се користи веќе како паркинг ќе биде поставена првата катна гаража, која неколку кратно ќе ја зголеми површината за паркирање. Јас се надевам дека до крајот на оваа година истата таа локација ќе биде збогатена со катна гаража“ – кажа Јорданов.
За останатите две локации ќе се чека промената на Деталниот урбанистички план, за да се утврди локацијата каде истите ќе бидат изградени. Јорданов додоаде дека промената на ДУП ќе биде во најбрз можен период.
„За останатите локации се работи веќе на промена на ДУП за да може да се предвиде катна гаража, тоа би било некаде во следните години од мојот мандат, затоа што ветувањата кои ги дадовме во изборната кампања се за четиригодишен мандат. “ – додаде Јорданов.
Промената на деталниот урбанистички план зависи и од други околности и релевантини институции, но Јорданов е оптимист дека наскоро тоа ќе се случи и Штип ќе добие катни гаражи на три локации.
Лаура Стојанова М-Нет