Четири лица штрајкуваат со глад во КПУ – Затвор Штип за своите права

Четири осудени лица во КПУ Затвор Штип од денeска штрајкуваат со глад. Роднини на затворениците велат дека до ваквата ситуација дошоло бидејќи првата во затворот не важеле за сите исто. Имено, едно осудено лице било префрлено од затворениот во полуотворениот дел на затворот, иако таму бил пократок временски период од нив. Бидејќи им биле скратени правата затворениците одлучиле да штрајкуваат со глад и вода, а како што додаваат роднините добиле закани од директорот на затворот ако продолжат дека ќе бидат преместени во друг затвор. Не добиле дури ниту соодветна лекарски преглед или терапија, туку само им бил измерен крвниот притисок.

За вака настанатата ситуација во затворот во Штип го прашавме директорот, Мики Тодоров. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија, Тодоров истакна дека вистина е дека од денеска четири лица штрајкуваат со глад.

„Во главната тетратка во затворот од утринава е евидентирано дека четири осудени лица штрајкуваат со глад. Од нивна страна нема наведено која е причината поради која штрајкуваат, однонсо пишува дека истата ќе биде образложена пред институциите. Лицата кои штрајкуваат се прегледани од затворскиот доктор и медицинска сестра од Здравствениот дом и е констатирано дека се во добра здравствена состојба. Ако мислат дека им е скратено некое право слободно може да се обратат до Народниот правобранител.“ – истакна Тодоров за М-Нет телевиизја.

Дополнително на ова тој ги демантираше изјавите дека се заканувал на некое осудено лице, додавајќи дека лицето е префрлено заради неговата здравствена состојба.

„Осуденото лице е префрлено од затворено во полузатворениот дел од затворот бидејќи така налагаше неговата здравствена ситуација. Истото треба да поминува повеќе време на воздух. Што се однесува на заканите, јас од петокот сум на годишен одмор и немав никаквов контакт со затворените лица. До сега во затворот на ниту едно осудено лице не му се скартени правата кои ги заслужува„ – додаде Тодоров.

Во оваа прилика тој истакна дека преместувањето на едно лице од еден во друг затвор го прави Директорот на управата за извршување сакции. Тодоров истакна дека тој може да понесе предлог, осудените лица молба, но секогаш последниот збор го има директорот.

Лаура Стојанова М-Нет