
Штипскиот Универзитет годинава ќе добие нов ректор. Кандидатите за објавениот Јавен оглас, за кој пријавувањето заврши на 20 мај, ќе се знаат во среда.
„Пријавувањето за Јавниот оглас заврши во петокот, се чека уште два дена за пријавите кои евентуално би стигнале по пошта. Повеќе информации во врска со кандидатите и гласањето би можеле да кажеме по завршувањето на целиот процес, односно најрано во среда.“ – изјави проректорот Мишко Џидров во телефонски разговор за М-Нет телевизија.
Ова ќе биде трет ректор на штипскиот Универзитет, по Блажо Боев и Саша Митрев, кои Универзитетот го раководеа во два мандата. Митрев за прв ректор на Универзитетот беше избран во 2007 година, за повторно да биде реизбран во 2011 година. Боев имаше два мандата од 2015 до септември 2022 година. Новиот ректор ќе го раководи Универзитетот следните три години, до 2025 година.
Ребека Спасова М-Нет