Кочани по 45 пат домаќин на Драмско аматерскиот фестивал, 12 престави дел од репертоарот

Вечерва по 45 пат започнува Драмско аматерскиот фестифал во Кочани. Со секојдневни настани во текот на неделата Кочани ќе може да живее во духот на фестивалот, а истовремено да привлече голем број гости кои ќе го проследат истиот. На репертоарот се 12 престави кои ќе се прикажат пред публиката во Кочани, а дополнително ќе има и концерти и други пропратни настани.

„Веќе 45 Кочани е домаќин на овој фестивал. Ние како организатори се потрудивме да ги надминеме сите предизвици кои беа пред нас за да може и оваа година фестивалот да се организира. Оваа година беа пријавени 16 претстави, од кои 12 ќе бидат прикажани на овој фестивал. Од нив три се Меѓународни, исто така имаме и пропратни настани како концерти, а имаме и пилот проект односно Македонската публицистика. Фестивалот ни започнува од 23 мај ќе трае се до 29 мај“

Ова е 59 издание на ДАФ, а ќе се прикажуваат автори и дела, театарски претстави од домашни и од странски автори. Изборот на драмскиот материјал е слободен и одредуван од страна на учесниците во натпреварот во рамките на завршните фестивалски денови.

Лаура Стојанова М-Нет