
Со потпишување на веќе изготвениот договор, некогашната спортска сала во село Долни Балван ќе биде отстранета. Објектот преставува опасност за жителите, пред сѐ за децата, бидејќи веднаш до него сега се наоѓа училиштето. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, истакна дека отстранувањето на објектот, најверојатно, ќе се реализира по завршување на учебната година, но што ќе никне на негово место сѐ уште е непознато.
Некогашната спортска сала во село Долни Балван во катастрофална состојба е повеќе децении, со искршени врати и прозори, и покртив кој може во секој случај да се сруши. Жителите велат некогаш овде се случувале и најубавите настани, а денеска е опасно и да се помине покрај неа, за тоа потребно е под итно отстранување на објектот.
Лаура Стојанова М-Нет