
Собирањето билки и чаеви за чичко Камче од село Судиќ преставува хоби, но за граѓаните можност за помош. Пред камерите на М-Нет Телевизија тој вели дека пред пет години започнал да собира билки од неговата околина и така да им помага на граѓаните. Секоја билка си има свое значење, вели Камче, и лечи од разни болести, а граѓаните ги бараат.
Да преживееш само од собирање и продажба на чаеви, според Камче, е невозможно, но тој ова го прави од хоби за да им помогне на луѓето.
Билките за чај се собираат во различни периоди од годината, потоа се класифицираат и се продаваат, а за целото ова потребни се само неколку дена додава Камче.
Лаура Стојанова М-Нет