31 ковид – случај во истокот, стивнува ли епидемиолошката состојба?

Нешто под 1.000 активни случаи во државава, само 31 во истокот, покажува последната ковид – статистика на Институтот за јавно здравје. Во последните 24 часа, направени се 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи. Од нив 20 се реинфекции, а само три во источниот регион, и тоа два во Берово и еден во Делчево. Нешто повеќе, 156 се оздравени пациенти, од кои, едно лице од Делчево, а починало само едно лице.

Во источниот регион, пак, активни случаи има само 31. Од нив најмногу, односно 16, има во Штип. Во останатите градови, бројот е едноцифрен и тоа најмногу до 4, а М. Каменица нема активен ковид – случај.

Според информациите од Министерството за здравство, досега во земјата се направени вкупно 1.999.002 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.752, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801.

Ребека Спасова М-Нет