Штипскиот театар со аудиција за новата претстава „Нушиќ наш современик“

Штипскиот Народен театар со аудиција за новата претстава „Нушиќ – наш современик“. Аудицијата ќе се одржи на 11 април, во понеделник, со почеток од 10:00 часот во зградата на Домот на култура. Почнувајќи од денес, па до крајот на оваа недела, 8 април (петок) сите вработени актери во НУЦК „Ацо Шопов“ и дипломирани невработени актери може да ги подигнат текстовите за театарската претстава. Дипломираните актери кои не се вработени во оваа национална установа текстовите може да ги добијат и по електронски пат, а барањето треба да го достават на е-маил адресата на установата. Подготовките за новата претстава од Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески, почнуваат од денес, а како што вели директорот Горан Трајков, праксата преку аудиции да се избираат актери продолжува и овојпат. Целта е да им се даде шанса и на невработените млади актери да учествуваат во вакви проекти, односно да бидат дел од театарски претстави.

Ребека Спасова М-Нет