М Нет дознава дека кај в.д. директор на јавна установа од Македонска Каменица пронајдени марихуана и дробилка

Полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ на 15 октомври во Македонска Каменица пронашле и одзеле марихуана и дробилка при контрола на патничко возило, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, настанот се случил во 20:30 часот, кога полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Н.С. (30) од истиот град.
При извршениот преглед, биле пронајдени и одземени пакување со марихуана и една дробилка.

За случајот бил известен јавен обвинител, а од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
М Нет-ТВ дознава: Станува збор за в.д. директор на општинска јавна установа
М Нет-ТВ дознава дека лицето за кое се однесува полицискиот билтен е в.д. директор на општинска јавна установа во Македонска Каменица.
Редакцијата испрати прашања до градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, со цел да добиеме официјална потврда на информацијата и одговор на прашањето какви мерки планира да преземе доколку се потврди дека станува збор за лице кое извршува раководна функција во општинска јавна установа.
Одговорите од градоначалничката ги очекуваме, а веднаш штом ги добиеме, М Нет-ТВ ќе ги објави во интерес на јавноста.