
Водата во Штип – чиста и квалитетна за пиење. Анализите покажаа исправност, а и увидот од Агенцијата за храна и ветеринарство дека водата може да се пие. Системот е прилагоден и од денес водата може да се користи за пиење и за готвење, што претходно поради претпазливост беше забрането.
Според градоначалникот Јорданов, Штип долгогодишно го решава проблемот со водоснабдувањето, а штипјани ќе можат да пијат чиста и квалитетна вода од комбиниран систем.
Од утринава штипјани, пак, со двоумење, да се користи водата или не. Дел од нив почнале да ја користат, друг дел сѐ уште купуваат. Додека се исчекуваше официјалното известување, екипата на М-Нет Телевизија беше на терен и ги праша граѓаните дали сметаат дека водата е чиста и дали ја користат. Нивните одговори – различни.
Сепак, по известувањето од ЈП „Исар“ додадоа дека дилеми нема. Системот е прилагоден, а на процесот работеа вработените во филтер станицата, изведувачот кој за системот треба да се грижи и во наредните две години и инженери од Словенија.
Ребека Спасова М-Нет