
Од крајот на месец март за да возите по Миладиновци – Штип ќе треба да платите на уште две нови патарини. На истите ќе се применува електронско плаќање, а патувањето на овој патен правец граѓаните ќе ги чини дополнителни 120 денари во еден правец. Според директорот на ЈПДП, електронското плаќање е подобра метода.
Инаку, изградбата на патарините започна во април минатата година, а околу цената се крена голема прашина во јавноста. За користење на автопатот ќе треба да платите четирипати поскапо од сега. Со дополнителните 240 денари во двата правци, наместо досегашните 80, одење до Скопје ќе ве чини 320 денари.
Ребека Спасова М-Нет