Иван Варадиновски е новиот тренер на ФК Кит Го Пехчево

Иван Варaдиновски е новиот шеф на стручниот штаб на ФК Кит Го Пехчево. Промената доаѓа во пресрет на подготвителните активности пред почетокот на пролетната сезона. Играчите тренираат во Штип, со два тренинга дневно, за да се врати енергијата кај играчите после долгата пауза која ја имаа играчите, кажа Варидиновски

За асистент на новиот тренер е назначен Ристе Наумов добро познат на штипската спортска јавност, голманите ќе ги усовршува Тамер Јамаковски поранешен играч во клубот од кои се очекуваат постигнување на максимални резултати и што е можна повисока позиција на табелата од претстојната сезона. Закажани се и неколку контролни пријателски натпревари пред почетокот на пролетната сезона.

Со новиот стручен штаб се враќа жарта кон постигнување на нови резултати и постигнување нови успеси на клубот.