Жена нападната пред влез на зграда од поранешниот сопруг во Штип

На 10.01.2022 во 09.00 часот во СВР Штип, 51 – годишна жена од Штип пријавила дека на 09.01.2022 околу 06.00 час пред влез од зграда во Штип била физички нападната од страна на нејзиниот поранешен сопруг М.Н.(55) од Штип. М.Н. бил повикан во полициска станица и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.