Футсал натпреварот во Штип Астибо – Мал Ајакс во знакот на хуманоста за децата од најранливи категории

Се ближи крајот на оваа календарска година која за спортистите значи одмор, средување на впечатоците, анализа за постигнатото и ковење планови за наредната година. Паралелно со ова се приближуваат најрадосните денови Божиќните и Новогодишните празници кои се момент за фамилијарно, другарско па и пријателство здружување насекаде по светот. Во чест на ваквите среќни моменти спортската редакција на Мнет ТВ во заедничка соработка со штипските Футсал екипи Астибо и Мал Ајакс сака да им ги збогати претстојните празници на сите оние кои што не се во можност да дојдат до вакви благодети.

Тренерот на КМФ Мал Ајакс Влатко Манев во денешниот разговор ни потврди дека тие како тим кој што долги години фигурира на Футсал картата на Македонија со задоволство се приклучуваат на оваа идеја,дека и тие ќе упатат апел до армијата свои навивачи во рамките на своите можности да дојдат со најразлични подароци или пакетчиња и да ги донираат кои пак понатаму во соработка со надлежните институции ќе им бидат предадени на децата од најранливите категории, со цел и тие да им се израдуваат на претстојните празници.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk