Дали штипјани пишуваат новогодишни честитки

Пишувањето новогодишни честитки е пркаса која полека останува во минатото. Динамичниот начин на живеење и се повеќе користењето на социјалните мрежи и напредните модерни технологии, во заден план го оставаат пишувањето на новогодишна честитка, преку која некогашните генерации си поскауваа среќни моменти за новогодишните празници. Екипата на М – Нет ТВ спроведе анкета помеѓу граѓаните на Штип дали уште се пишуваат новогодишни честитки?

Според спроведената анкета, повозрасните граѓани се изјаснија дека на помлади години ја практикувале оваа пракса, меѓутоа како што одминуваат годините се помалку пишуваат честитки , и тоа најчесто преку современи канали на комуникација. Тие велат дека пишувањето на честитки е традиција која треба да продолжи да постои, бидејќи како што велат тоа им дава посебен празничен дух и атмосфера, додека помладите мислат дека тоа е практика за децата на училишна возраст а честитки речиси и не пишуваат.

Меѓутоа иако двете различни генерации се сложија дека традицијата за пишување на новогодишни честитки полека изумира, најмногу поради напредните технологии и модерните начини на комуникација кои земаат замав, а праксата на праќање честитки на класичен начин се губи, тие сепак се на мислење дека традицијата треба да опстојува и да се негува . Така тие велат дека е потребно поставување на штандови и места каде што младите би биле во можност полесно да купат честитка и посакаат среќни празници на своите најблиски со што би се зачувал празничниот дух и традицијата која постои години наназад.

Во меѓувреме во тек е и украсувањето на градот и како што не известија одговорните лица, градот Штип треба да светне во новогодишно руво во текот на оваа недела, најдоцна до празникот Св. Никола.

Лаура Стојанова М-Нет