
Дванаесеттата средба на членовите на Здружението борачи – ветерани на Македонија се одржа во прекрасниот амбиент на мотел – ресторанот Ваго во Штип. Прекрасна беше атмосферата, расположението, ведриот дух на некогашните шампиони повторно да се сретнат, да разменат свое мислење да се присетата на некогашните добри стари времиња. Чест и внимание на организаторите предводени од претседателот Томе Коцев им приреди градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, светскиот карате вице – шампион Емил Павлов, со тренерите Сашко и Жарко Арсовски, Претседателот на Боречката федерација на Македонија Дејан Богданов, светски признатите легенди Шабан Трстена и Зоран Шоров како и уште многумина боречки легенди кои се афирмираа себе си, своите клубови, градовите и секако Република Македонија од тогашните Југословенски простори.
Во чест на Јубилејот 60 години Балканец беа доделени пригодни награди на преставници на клубовите Вардар од Скопје, Спартак од Кочани, Борец од Велес и Бучим од Радовиш, а благодарници добија и многубројните асови од боречкиот клуб Балканец од Штип. На крајот на задолжителниот коктел беа доделени пригодни подароци за сите присутни борачи – ветерани, а претседателот на некогашниот Европски и Светски шампион Бучим од Радовиш, Ванчо Чифлиганец обзнани дека следен одганизатор на 13 по ред манифестација на Здружението Борачи – Ветерани на Македонија ќе биде градот Радовиш.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk