
Ако во 2016 година Македонија беше на третото место според успешноста на странските инвестиции, минатата година нашата држава не се најде ниту во топ 50 те држави по истата основа, дециден беше лидерот на ВМРО ДПМНЕ од Штип, Христијан Мицкоски. Според него од овој пример може да се види успешноста на Владата кога се во прашање економијата и привлекувањето на странски инвестиции во државата.
„Јас не знам што направила Владата, но знам дека во 2016 година Македонија беше на третото место според успешноста на директните странски инвестиции ви топ 50 држави во светот. Во 2020 година, пак, во топ 50 држави во светот Македонија ја нема ниту на ранг листата. Самото ова емпириски говори колку е успешна оваа Влада кога станува збор за работата на полето на економијата и привлекувањето на директни странски инвестиции и нивната успешност“, рече Мицкоски.
Според Мицески оваа Влада мора да замине, а тоа би се случило само со предвремени избори, на кои би се избрала Влада која ќе се бори против криминалот и корупцијата што е и суштината за успешна држава, а се останато е распордажба и трговија.
„Македонија е најкорумпираната држава со најлошо образование и економија, со забавен судски обвинителски систем, со партиско – полициски нарачки“, додаде Мицкоски.
Како што истакна Мицкоски неопходно е да се решат основните проблеми во државата, а тоа може да се случи само со промена на Владата.
Лаура Стојанова М-Нет