94% од хоспитализираните во штипската болница се на кислородна поддршка

И по викендот може да се каже дека ситуацијата со ковид 19 во кочанската и штипска болница е по стабилна споредбено со деновите претходно кога имаше едвај по неколку слободни ковид кревети и во континуитет од две до четири починати лица. Во изминатото деноноќие новопримени се две лица, испишан нема ниту еден во штипската болница. Со ова бројот на хоспиталзирани е 34 од кои 33 на Инфективното одделение и еден на Кожното, како и две лица на дневна амбуланта. Меѓутоа, загрижувачки е фактот дека речиси сите односно дури 32 пациенти имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се девет лица. Во изминатото деноноќие нема регистрирано починати лица, а слободни се 36 кревети, 27 на Инфективното одделение и девет на Кожното, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница хоспитализирани се десет пациенти, од кои 4 се на кислородна поддршка, исто толку се и вакцинирани. Во последните 24 часа новопримен е еден пациент, нема испишан ниту еден. По подолго време регистриран е еден починат пациент како последица од корона висрусот. Слободни се 17 кревети, информираат од болницата.

Во Општините од Истокот моментално активни се 767 ковид случаи од кои најмногу во Кочани 194, во Штип 192 и во Делчево 141. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена вклучувајќи го и Пехчево каде има активни 11 ковид случаи.

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера, во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројот на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547, а бројот на активни случаи изнесува 8.398.

Лаура Стојанова М-Нет