
Во општините од Истокот каде што ќе има втор круг гласање за градоначалник важат истите правила како и за првиот. Имено, ден претходно односно на 30 октомври гласаат болните, изнемоштени, немоќни лица како и ковид позитивните и лица во изолација. Рокот за нивно пријавување веќе започна истакна Претседателката на ОИК Кочани, Билјана Димовска Гичева, додавајќи дека пријавените болни и изнемоштени лица нема потреба да бидат повторно пријавени.
„Рокот за пријавување на стари болни, изнемоштени и немоќни лица е до 24.10.2021 година на полноќ. Во тој временски период може да бидат пријавени сите лица кои сакаат во домашни услови да го остварат своето демократско право на глас. Веќе пријавените немаа обврска повторно да се пријават. За ковид позитивните лица и оние во изолација рокот е до 25.10.2021 година на полноќ. Со оглед на фактот дека на дел од пријавените за првиот круг решението за изолација веќе поминало, тие нема да се важат и ковид лицата кои сакаат да гласаат треба да се пријават повторно“ – кажа Гичева.
За пријавување на лицата кои ќе гласаат во домашни услови потреби е медицински извештај за лицето. Граѓаните во Кочани во вториот круг ќе бираат помеѓу кандидатот за градоначалин од редовите на СДСМ, Николчо Илијев и кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Папазов за нов татко на градот. Во првиот круг кој заврши на 17 октомври со благо водство беше Илијев. Во втор круг за градоначалник ќе се одлучува и во Пробиштип, Пехчево, Чешиново – Облешево и М. Каменица.
Лаура Стојанова М-Нет