67 ковид пациенти хоспитализирани во Кочани и Штип, нема починати лица

Повторно пет новопримени ковид пациетни се регистрирани во клиничка болница Штип за едно деноноќие. Моментално хоспитализирани се 51 пациент, од кои 42 во модуларната ковид болница и девет на кожното одделение кои работи како ковид оддел. Во последните 24 часа испишани се две лица. Од хоспитализираните 36 се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 14 пацинети. Во последното деноноќие нема регистрирано починати лица, а слободни се само пет кревети, од кои четири во модуларната ковид болница и едно на Кожното одделение, информираше портпаролот на клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во Кочани пак хоспитализирани се вкупно 16 ковид пациенти на интерното одделение кое работи како ковид оддел. Во посленото деноноќие новопримени се две лица, а испишани тројца. Од хоспитализираните пет се на кислородна поддршка, а вакцинирани се седум лица. Нема починати пациенти, информираат од кочанската болница.

Во општините од Истокот моментално активни се 521 ковид случај, најмногу во Штип 194 и во Кочани136. Во останатите општини бројката е двоцифрена. Најмалку активни случаи има во Пехчево односно само еден пациент.

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.347.969 тестирањана КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.

Лаура Стојанова М-Нет