Одбојкарите на Штип УГД со пораз ја започнаа новата прволигашка сезона

Со одигрување на натпреварите од првото коло започнаа одбојкарските возбудувања во машката Супер лига на Македонија. Во оваа сезона ќе се натпреваруваат 11 екипи а во првото коло штипските „студенти“ гостуваа во Тетово. Натпреварот Универзитет Тетово – Штип УГД заврши со резултат 3:0 или по сетови (25:8) ( 25:16) ( 25:21).

Еве ги комплетните резултати од ова прво одбојкарско коло :

  1. Универзитет Тетово – Штип УГД 3:0
  2. Вардар – Лирија 1:3
  3. Шкендија – Дибра Волеј 3: 0
  4. Јанта Волеј – Македонија Џио 3:0
  5. Борец – Весна Пробиштип 3:1

Слободна беше екипата на Струмица. Во следното второ коло тимот на Штип УГД ќе биде домакин на екипата на Вардар од Скопје а во третото коло ќе гостува повторно во Тетово овојпат на екипата на Шкендија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk