Досега вакцинирани 24.000 штипјани, меѓу нив и оние со две дози и оние со барем една доза вакцина. Дневно, пак, се аплицираат околу 200 – 300 вакцини. Истовремено, додека се зголемува бројот на закажани ревакцини, се намалува бројот на граѓани кои доаѓаат за прва доза. Вакциналниот пункт во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ нема да работи утре.
„Денес имаме закажано околу 300 лица за втора доза, односно за ревакцина. Со тоа што од утрово се ревакцини околу 200 лица и 30 лица коишто дојдоа за прва доза. Интересот не е намален, туку тоа се должи пред сè на тоа што повеќе лица ја имаат веќе примено првата доза. Утре пунктот во Здравствениот дом нема да работи. Меѓутоа, продолжуваме во четврток и петок, а во сабота ќе работи прва смена“, информираше заменик координаторката за вакцинација, Ана Бурева.
Вакцинацијата тековно продолжува да се одвива како овде, така и на сите други пунктови во државата. Достапни вакцини во земјава се „Фајзер“, „Синовак“ и „АстраЗенека“ и засега има доволни количини од истите.
Вчера вкупно се вакцинирале 14.159 граѓани, а од нив прва доза вакцина примиле 3.621.
54% од населението над 40 години и 29% од населението 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.
Вкупно се аплицирани 1.332.658 дози вакцини, а ревакцинирани се 579.358 граѓани.
Ребека Спасова МНет
