ВМРО ДПМНЕ: Учениците оставени без превоз СДСМ: Се запазуваат законските рамки

Неколку дена по почетокот на учебната година, од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип обвинуваат дека училиштата се уште немаат обезбедено превоз за учениците па родителите мора сами да се снаоѓаат, а тоа чини пари. Според нив ваква несериозност кон образованието до сега немало.

„Ваква несериозност кон образованието и учениците немало никогаш до сега. Најголем број од учениците кои патуваат до нивните училишта и за кои училиштата треба да обезбедат превоз, или сами се снаоѓаат или наставата ја следат онлајн. Да, добро слушнавте. Училиштата во Штип, со исклучок на едно или две од нив поради несериозното однесување на претпоставените, доцнат со тендерските постапки за превоз на ученици, кое родителите ќе ги чини цело богатство во текот на овој месец. Тоа што се уште не се избрани оператори за реализиација на превозот е непобитен факт за незаинтересираноста на надлежните за успешно спроведување на образовниот процес. Односно во време на пандемија кога голем број од родителите остануваат без работни места, ќе бидат обременети со дополнителен трошок за транспорт на децата“ – додадоа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Заврши времето на ВМРО ДПМНЕ кога во четири очи се склучуваа договори за транспорт на ученици од други градови со цел да профитираат одредени поединци. Сега во времето на СДСМ ние ги запазуваме сите законски рамки кои што се потребни за да се заврши една јавна тендерска постапка со која што учениците добиваат сигурен превоз до своите училишта.“ – додадоа од кабинетот на градоначалникот.

Лаура Стојанова М-Нет