
Синоќа во Кочани биле приведени повеќе лица, според МВР биле приведени вкупно пет лица, од кои две од Скопје, две лица од Зрновци, кочанско и едно лице од Виница.
На 08.08.2021 околу 03.00 часот од страна на полициски службеници од ОВР Кочани лишени се од слобода А.В.(30) и М.К.(27), двајцата од Скопје, поради сомнение за извршено кривично дело по член 215 и 216 од Кривичниот законик. Имено, во близина на Споменикот на слободата, каде се одржувал музички фестивал, било запрено патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В., каде како сопатник бил М.К. и по добиена судска наредба за претрес во возилото, пронајдени се и одземени повеќе видови дрога наменети за улична продажба, и тоа марихуана, прашкаста материја, амфетамин и таблети „екстази“. Лицата се приведени во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кочани и задржани во полициска станица. Против А.В. и М.К. ќе биде изготвен соодветен поднесок и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Кочани.
На 08.08.2021 во 02.30 часот на влезот на Споменикот на слободата во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Д.С.(24) и А.Б.(26), двајцата од Зрновци, кочанско, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.08.2021 во 00.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода М.М.(23) од Виница, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.