
Прволигашкоро „деби“на Брегалница попладнево на „градски“ во Штип заврши мирољубиво со поделба на „пленот„. Играчите на Брегалница и на Шкупи одиграа квалитена, права првенствена игра и покрај пеколно жешкото време која за жал на гледачите заврши непопуларно, односно без голови 0:0. По скоро две годишна пауза гледачите во Штип ја наполнија единствената источна трибина ( западната е во градба), и ја докажаа и искажаа сета своја љубов кон штипските сини. Во првиот дел гостите од Скопје беа со мала теренска иницијатива. но без шанси за загрозување на голот на Брегалница а единствено имаа предност од 0:2 во корнери.



Во вториот дел Брегалница ја „нагазна“ топката особено по влегувањето на Бобан Ѓеоргиев и преостанатите „резервисти“ и се редеа возбудливи моменти со изразити шанси по голот на Кристијан Наумовски. Брегалница во вториот дел имаше однос 7:4 во корнери или севкупно 7:6, но за жал напаѓачите останаа без подесени нишански справи за конечен резултат Брегалница – Шкупи 0:0. Иако неколку пати имаше ситни „искричење“ помеѓу поедини играчи судиската четворка од Кичево на чело со Александар Грујоски добро си ја заврши работата. На крајот сите актери на теренот беа срдечно и со аплауз наградени од многубројните објективни штипски гледачи. Еве ги комплетните резултати од ова прво коло:
- Брегалница – Шкупи 0:0
- Македонија ЃП – Пелистер 1:0
- Работнички – Борец 1:0
- Ренова – Скопје 1:1
- Тиквеш – Шкендија 0:0
- А.Пандев – Струга ТЛ – ќе играат вечерва
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk