
Одржувајќи ги добрите и традиционални односи помладите пионери на Брегалница од генерацијата 2006 предводени од тренерот Драган Арсовски денес одиграа пријателски натпревар со своите врсници од Врњачка Бања, Република Србија.


Натпреварот Металац – Брегалница заврши со резултат 0:2 а стрелци на головите за штипските пионери беа Благој Хаџи Кимов и Андреј Велков. Според координаторот на Пионерско – младинските школи на Брегалница Борче Постолов со ваквите меѓународни натпревари самите деца стекнуваат нови знаења, напредуваат во својата фудбалска игра и со одигрувањето на ваквиот тип на натпревари ќе се продолжи и во иднина и тоа со сите возрасни категории со кои располага Брегалница. Колку за потсетување Кадетите и Младинците на Брегалница предводени од тренерите Влатко Давитков и Трајче Сенев се подготвуваат во Пехчево за претстојните настапи во Супер лигата на Македонија.
Драги Герасимов – Пишка Mnet.mk