
Почнувајќи од 2008 година, 09 јуни се слави како Меѓународен ден на Архивите. На овој ден архивистите од целиот свет се обединети во поставувањето, значењето и достигнувањето со својата професија. Дополнително на ова, Македонскиот државен архив слави 70 години од неговото постоење и функционирање.
„По повод тој јубилиеј ние извршивме промоција на едиција на зирни документи за работата на Архивот во Македонија. Со ова сакаме да дадеме и свој придонес во прославата на Меѓународниот ден на Архивите со што користиме прилика да ја промовираме нашата изложба“ – кажа Делчо Трајков, директор на Архив, оддел Штип.
Регионалната институција Архивот во Штип чува документи од општините од Источниот дел од државата. На документите пред да завршат во овој Архив им се прваи проценка, дел овде завршуваат како поклон дел се откупуваат.
Најстариот документ кој може да се пронајде овде се матичните книги на родените од 1869 година од штипско Ново село. Овде може да се видат и свидетелства на ученици кај кој како учител е потпишан Гоце Делчев. Депоата во Архивот во штип начејсто се посетени од странки, но овде се среќаваат и историчани, истражувачи и слично. Моментално се работи на дигитализација на докумнетите која во Штип сеуште не е започната.
Лаура Стојанова М-Нет