
Мирно поминаа последните 24 часа во болниците во Кочани и Штип. Нема регистрирано починати лица од корона вирусот. Во штипската Клиничка болница хоспитализирани се 51 ковид пациент од кои 32 во модуларната ковид болница и 19 на Инфективното одделение. На кислородна поддршка се 36 пациенти, а во последното деноноќие ново примени се 7 пациенти, истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Моментално слободни се 39 кревети, 14 во модуларната болница и 25 на Инфективното одделение без можност за кислородна поддршка.
Во кочанската општа болница со проширена дејност хоспитализирани се вкупно 20 пациенти во модуларната ковид болница. Од нив 12 имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 13 кревети посочи директорот на болницата, Александар Серафимов.
Намалаувањето на бројот на новозаразени пациенти од ковид 19 не ја исклучува потребата од почитување на маерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател.
Според информации од министерството за здравство досега во земјата се направени вкупно 734.904 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.694, бројката на оздравени пациенти е 137.331, на починати е 5.067, а бројот на активни случаи изнесува 11.296.
Лаура Стојанова М-Нет