Фонд на ПИОСМ Штип доби нов раководител кој ќе спречи било какви пропусти или грешки во работењето

Ивана Саздова Атанасова, раководителот на Филијала Штип при Фонд на ПИОСМ ја известува јавноста дека по разгледување на случајот на Драгица Панова од Штип, Ве информираме дека денес се исплатени сите неисплатени пензии. Воедно, ја информираме јавноста дека за направениот пропуст, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Филијалата Штип се извинува за настанатата грешка и напоменува дека од 06.05.2021 год. има нов раководител, кој ќе спречи било какви пропусти или грешки во работењето.