Прва лига фудбал: Четири екипи во борба за избегнување на баражот

Уште само две кола остануваат да се одиграат во ПМФЛ и да се стави точка на овој возбудлив шампионат. Сезона во која Шкендија е далеку супериорна, Вардар како никогаш досега на дното и пред преселба во Втората лига,Македонија ЃП и Струга ТЛ на чекор до Европа а дури 4 екипи ќе се борат за избегнување на незгодниот бараж натпревар и тоа : Борец, Силекс, Ренова и Академија Пандев. Во такви услови на програмата е 32 коло во кое ќе се сретнат:

  1. Беласица – А.Пандев
  2. Борец – Ренова
  3. Македонија ЃП – Шкендија
  4. Работнички – Силекс
  5. Шкупи – Пелистер
  6. Струга ТЛ – Вардар

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 9 мај 2021 г. со почеток во 16.00 часот без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk