
Маката и болката ја натералата 76 годишната Анко Мустафа својот спас да го бара во Клиничка болница Штип. Дошла со снаата, но како што вели не ја примиле на преглед повеќе од два часа. Потоа дошол и нејзин роднина кој се обидел да придонесе за жената побрзо да ја земат на преглед. Имала упат од матичен лекар и за интерно и за хирургија, но стигнала само до ходникот на влезот на болницата.
„Никој не ја прима жената и рекле оди кај Филипче, Филипче нека те прима, која е причината не знаеме. Ми си јавија јас дојдов се расправав со сите и кога дознаа дека камери доаѓаат тогаш ја примаа внатре“
А жената која беше пред влезот на Клиничка болница Штип во инвалидска количка вели едвај преживува, а чека за да биде прегледана.
Според докторите кои беа на смена во Клиничка болница Штип, пациентката почекала само 10 минути затоа што претходно на преглед имало друг пациент. Доктор Ушинова вели не станувало збор за животно загрозувачка ситуација, а жената била позната во оваа болница.
„Почека од 10 – 15 минути. Во амбулантата во тој момент имаше друг пациент на преглед, а ние инаку ја знаеме пациентката, таа е наша стара пациентка да речам, скоро секоја недела еднаш недело во било кои часови, навечер на трета смена доаѓа без никаква докумантација, без упат и никогаш не е вратена. Денес 10 – 15 минути почека во ходникот на амбулантата бидејќи имаше друг пациент, ние ја видовме, видовме дека не е животно загрозувачка“ – вели Ушинова.
Од болницата велат дека има случаи кога пациентите можат да бидат прегледани и кај матични лекари, со цел тие да можат да ја извршуваат својата работа и да им излезат целосно во пресрет на потребите на граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет