Футсал спектакл во Штип со директен пренос на Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт

Јосип Бартон и Дејан Младеновски ќе бидат главни „свирки“ на локалното второлигашко Футсал дерби во Штип помеѓу екипите на Астибо и на Мал Ајакс. Тимот на Астибо засега се наоѓа нa делба на 5 место на табелата со екипата на Клими со по 13 освоени бодови, додека пак Мал Ајакс го дели второто место со Форца со по 17 бодови или еден бод помалку од водечкиот тим на Кеги Моби кој собра 18 бодови. Овај натпревар на предлог на нашата Мнет Тв ќе има хуманитарен карактер кој го прифатија тренерите Илија Митров и Влатко Манев, односно во чест на претстојните божиќни и новогодишни празници сите оние посетители во зависност од своите можности да донесат и да донираат играчки, реквизити или пакетчиња за децата од најранливите категории кои во договор со надлежните институции ќе им бидат поделени. Целта е овие најрадосни празници да им донесат насмевка, радост и среќа кај сите дечиња и на овој начин да им се овозможи безгрижно празнување. Благодарејќи на одличната соработка со ФФМ и со цел овој спектакл да го доближиме до сите искрени љубители на малиот фудбал, нашата Мнет ТВ ќе врши директен пренос од овој натпревар кој ќе се одржи во салата Тошо Арсов во сабота 18 декември со почеток во 18.00 часот. Веќе се делегирани и официјалните лица за овој мошне интересен натпревар во кој главни свирки ќе бидат веќе докажаните интернационалци Јосип Бартон и Дејан Младеновски а Делегат ќе биде Златко Гроздановски. Еве ги комплетните парови за ова 8 коло:

  1. 17.12.2021 г. Кеги Моби – Форца
  2. 18.12.2021 г. Астибо – Мал Ајакс
  3. 18.12.2021г. Црешово Топче – Велешта
  4. 19.12.2021 г. Проект – Овче Поле
  5. 19.12.2021 г. Клими – Кардшлк
  6. 20.12.2021г. Конзули – СЕЕ Универзитет

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk