
Револтирани, изненадени и исплашени сопствениците на дуќаните кај популарно наречените печурки во Општина Штип го започнаа денешниот ден. Имено, утинава кога ги отвориле своите дуќани забележале опомени на дуќаните кои се приверемено затворени во рок од 15 дена да ги отстранат истите, во спротивно ем ќе бидат насилно отсртанети, ем ќе следува казна. Пред камерите на М-Нет сопствениците велат овоа е проемногу, повеќе од 30 години егзистираат од ова и сега се соочени за бараките да бараат друго место.
„Треба во овој случај да не наградат нас, градоначалникот дојде до оваа позиција бидејќи ние бевме зад него. Колку народ егзистира од ова, колку има вработени, јас имам 10 вработени, сите ќе останат без работа и јас исто така“
„Таа роба која е овде што ќе се прави. Дуќаните се користат како магацини. Едноставно не е во ред“
Според нив решение има, односно потребна е средба со градоначалникот за да се одлучи што и како понатаму. Но, таква средба до сега немало, опомените веќе се залепени и на сопствениците не им преостанува ништо друго освен да чекаат и да видат каква ќе биде нивната судбина.
Од Општина Штип, поточно Комуналниот инспектор Борче Везенков истакна дека треба да се отстранат само објектите кои не се користат. За останатите ќе се бара алтернативно решение, но и да се донесе одлука за нивно отстранување сигурно ќе има и локација за нивно повторно поставување.
„Општина Штип преку комунална инспекција имаше акција пред некое време за остранување на привремените објекти на лимените гаражи, голубарници и исте други објекти кои се наоѓаат на јавна површина. Моментално се прави акција односно опомени во предвиден рок за отстранување на привремени објекти во местото викано печурки. Општината има план да ги дислоцира овие објекти“ – вели Везенков.
Инаку, се уште неофицијално на местото каде што се наоѓаат сега пеќурките се очекува во иднина да никне нова зграда.
Лаура Стојанова М-Нет