По иницијатива на средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип започнувајќи од понеделник се реализира манифестација за доделување на лауреати па се до трето место за најдобрите ученици од областа на музиката. Наградите се состојат од благодарници кои се доделуваат без големо физичко присуство поради актуелнава ситуација.
Манифестацијата е подржана од Министерството за култура ние како училиште аплициравме со проект кој што ни беше одобрен. Со добар тим во училиштето да сето ова биде организирано на некое повисоко ниво како и што сме го замислиле и нормално ќе се крева секоја година.
Првичната замисла за овој настан била до учество и на кандидати од други држави т.е од меѓународен карактер но како што и сите знаеме патувањата во друга земја се сведени на минимум.
Целта ни беше да биде меѓународен натпревар имавме многу заинтересирани од соседна Бугарија, Србија, Словенија каде што и ние сами како училиште настапуваме кај нив секоја година.
Остануваат уште два дена до финишот на првото издание на музичкиот натпревар организиран од средниот музички центар во Штип а добитниците на лауреатите ќе имаат свој настап така наречен онлајн концерт претставувајќи ги своите композиции со кои ја освоиле наградата.