
После ждребувањето кое се одржа денеска во 12 часот, од ДИК е објавена единствената листата на кандидати за избор на градоначалник во Општина Штип и Пласница. Патријата на Интегра со кандидатот Симон Поликарп го има бројот 1, СДСМ со д-р. Сашко Николов број 2, Коалицијата „Иднината во наши раце“ број 4, 5ката е кај групата на избирачи со преставник Трајче Митев и ТМРО со кандидатот Лазар Наумов број 7. Броевите 3 и 6 им припаѓаат на кандидати за градоначалник во Пласница. Престојните предвремени локални избори се закажани за 13 декември, прв круг односно 27 декември втор круг, кога и конечно ќе се знае новиот градоначалник на Општина Штип, откако претходниот Благој Бочварски беше преименуван за Министер за транспорт и врски.
Лаура Стојанова М-Нет