СВР Штип поднесе кривични пријави против две лица поради непочитување на изолација

СВР Штип поднесе кривични пријави против лицата Л.Д.(55) и Ј.В.(32) двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. 
На 03.06.2020 пријавената Л.Д.(55) го напуштила местото на изолација, според издадено решение на 31.05.2020 од страна на ДСЗИ, што било утврдено при редовна контрола од полициски службеници. 

На 24.07.2020 пријавениот Ј.В.(32) го напуштил местото на самоизолација, според издадено решение на 22.07.2020 од страна на ДСЗИ, што било утврдено при редовна контрола од полициски службеници.