60 кошаркари и кошаркарки ќе бидат дел од националниот камп во Маврово

Македонската кошаркарска федерација организира камп во Маврово за новата генерација на развојниот проект „Заедно до М16“, а истиот ќе се реализира од 24. јуни до 30. јуни.

На истиот учество ќе земаат вкупно 60 кошаркари и кошаркарки кои се родени 2011 и 2012 година, а ќе тренираат заедно една недела. Освен младите кошаркарки и кошаркари учество ќе земаат и десетина млади тренери, кои ќе треба да ги презентираа своите програми и цели.

Овие 60 играчи претходно беа селектирани и ќе бидат дел од кампот кој ќе се реализира во Маврово каде температурите се идеални за спортски активности, тренинг, работа во сала и на отворено, висински подготовки односно реализација на целокупни спортски активности и подготовки.

Во продолжение можете да го погледнете списокот на селектирани играчи кои се родени 2011 и 2012 години и ќе бидат дел од овој камп во организација на кошаркарската федерација на Македонија.

Селекција на деца родени 2011 година

1. Александар Зунзуровски – САД

2. Рон Јетиши – Работнички

3. Александар Котевски – МЗТ Скопје Аеродром

4. Давид Петковски – МЗТ Скопје Аеродром

5. Матеј Kермичиев – ИБА Академија

6. Марио Веселинов – Водно Санс

7. Данило Филипче – Феникс 2010

8. Берк Рустеми – Тетова Булс

9. Томица Савов – Работнички

10. Лука Ѓориќ – МКК Куманово

11. Томас Стојковски – МВП Струмица

12. Димитар Љутков – Борец баскет

13. Кузман Гавриловски – Гостивар

14. Стефан Ефремов – Спортисимо

15. Владо Атанасовски – ИБА Академија

Селекција на деца родени 2012 година

1. Александар Бебеџаков – Спортисимо

2. Ѓорѓи Крстев – Спортисимо

3. Тигран Панковски – Работнички

4. Максим Шишовски – Водно Санс

5. Давор Мојсовски – Водно Санс

6. Павел Антиќ – МКК Вардар

7. Марко Михајлов – МЗТ Скопје Аеродром

8. Ѓорѓи Мишев – МЗТ Скопје Аеродром

9. Марко Ницевски – Феникс 2010

10. Калин Василов – Феникс 2010

11. Васил Лескаровски – Феникс 2010

12. Филип Кимов – Борец Баскет

13. Бенџамин Куч – ИБА Академија

14. Максим Арсовски – ИБА Академија

15. Виктор Талевски – Јуниор Баскет – Битола

Со овој проект се планира долгорочна иднина во македонската кошаркарка и во младинските репрезентации.

Александар Ванев, М-Нет