
Тиквеш имаше сезона за паметење откако заврши на високото 4. место во Првата македонска фудбалска лига и го освои Купот на Македонија, а со тоа и ќе игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.
Тоа што телевизија М Нет го најавуваше изминатиот период доби и на потврдам од самиот клуб, а тоа е дека клубот се засили со четворица фудбалери од кои доаѓаат на позајмица од бразилскиот второлигаш Амазонас.
Минатата сезона Амазонас го позајми Робертињо кој останува во Тиквеш и во новата сезона, а за тековната сезона бразилскиот второлигаш позјами уште три играчи. Станува збор за Џорџ Питбул и напаѓачите Лео Гуера и Витао, за што веќе објави телевизија М Нет.
„Идејата е да се продлабочи партнерството што го имаме со македонскиот клуб Тиквеш, а брендот Амазонас да стане препознатлив низ светот. Ние го зголемивме бројот на фудбалери кои се на позајмица во Тиквеш со цел екипата да биде уште покомпетитивна во претстојната сезона и да игра важна улога во Конференциската лига на УЕФА“, рече претседателот на Амазонас, Весли Коуто.
Во пролетната полусезона од минатата сезона беше позајмен и Луан Сантос во Тиквеш, но тој по истекот на сезоната се врати во Бразил и ќе го носи дресот на матичниот клуб, односно одново ќе игра за Амазонас кој по 11 кола има 12 бодови на своето конто и се наоѓа во долниот дел од табелата односно на 15 место од 20 екипи на Втората бразилска лига.
Тиквеш во квалификациите во Конференциската лига ќе играат против Бреидаблик од Исланд, а двомечот се игра на 11. и 18. јули.
Александар Ванев, М-Нет